Македонија

Нема измени во огласот за избор на универзален снабдувач со струја, тврди Ковачевски

Нема измени во повикот за универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата, тврди премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека за ваква точка се дискутирало на седница, но само во делот за усогласување со новиот Закон за енергетика, а не и во делот на условите.

„Се работи за техничко усогласување со нивниот Закон за енергетика, односно поднесување на изјави дека нема конфликт на интерес со членови кои учествуваат во Комисијата. Самиот повик е исти како што бил“, кажа Ковачевски.

Огласот за поднесување понуди за универзален снабдувач е до 12 јануари. Во игра, како најсериозни противници влегуваат австриска ЕВН и грчка ЕДС.

„Скопје1“ веќе пишуваше дека грчки компании атакуваат на македонскиот енергетски сектор.

Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

На почеток