Скопје

(Видео) Во Скопје, прст пред око не се гледа

Скопје потона во магла, додека жителите се жалат дека утрово прст пред око не се гледа. Иако не е најзагаден град во Македонија, сепак, прегледноста е на ниско ниво. Низ скопските булевари се вози внимателно, бидејќи видливоста не е поголема од 30 до 40 метри.

Во однос на загадувањето, Македонија е на 20 место според веб-сервисите кои прават рангирањње согласно податоците кои се добиваат од мерните станици. Најзагадено утрово е во Ресен, па следува Тетово. Следува Скопје односно Чаир. Потоа и Кичево, Струмица, Битола.

Загадувањето е константен проблем кој го има Македонија секоја година.

На почеток