Македонија

Вчера најмногу барана е полицијата – 1.917 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.917 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 38,18%, а 61,82% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

„Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 63,57%, кон Итната медицинска помош 30,93%, а кон пожарникарите 2,41% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,09% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 36,28%, вкупно 1.194 заедно, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако со стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК)“, велат од ЦУК.

„Апелираме да не се палат, за време на продолжениот празничен викенд, стрништа и остататоци од земјоделски култури на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава. Се уште има пожари на отворено. Пожарникарите, во последното деноноќие, од Скопје, Гевгелија и Струмица интервенирале на најмалку три такви пожари. Гаснеле запалена ниска вегетација, а во во Скопско, гаснеле и запалена депонија кај месноста „Вардариште“ во Општина Гази Баба“, додаваат од ЦУК.

На почеток