Македонија

До февруари, Судски совет ќе мора да ја врати Дамева за претседател – немаат право на жалба

Пресудата со која Управен суд ја враќа разрешената претседателка Весна Дамева на претседателското место во Судски совет, стасала до институцијата. Детали од неа не се споделуваат, освен дека рокот за спроведување е 30 дена. Што ќе се случува со сите досега донесени одлуки на Советот, меѓу нив и именувањето на судии во повеќе судови – ќе се знае во идните денови.

„Стаса пресудата од Управен суд за разрешувањето на Дамева. Утре ќе се разгледа на работен состанок. Во рок од 30 дена треба да се постапи по неа. Нема право на жалба“, велат од Судски совет.

За пресудата на Управен се дозна пред новогодишната ноќ. Тројца судии ја потпишале одлуката, наоѓајќи дека Дамева била разрешена на незаконски начин. Тогаш, пресудата не беше доставена до сите странки.

Дамева за „Скопје1“ посочи дека пресудата не би била триумф, ама ќе биде задоволување на правдата.

„Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“, рече Дамева за „Скопје1“.

Правната фела ова го искоментираа ова како „судска игранка“ односно пршеседан кој не е запаметен. Според нив, токму поради ваквите преседани, се доведува во прашање кредибилноста на целиот Судски совет како највисоко тело во правосудната власт, па оттука, тие ќе речат: „Ни во детска градинка толку често децата не си ги менуваат улогите на претседател во нивната игра, како во највисокото судско тело“. Дел од фелата препорачува облигаторен, но комплетен реизбо

На почеток