Македонија

Потрес во Тетово и Гостивар, по земјотрес во Албанија

Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија. Жителите на Тетово и Гостивар, посочуваат дека го почувствувале потресот кој според сервисот „ЕМСЦ“ бил на длабочина од 15 километри.

Институтот за геонауки во Тирана, земјотресот го регистрирал вчера во 22:39 минути.

Засега е познато дека нема повредени лица, ниту штети.

На почеток