Македонија

Има 16 кандидати за огласот во Гинекологија, каде националноста беше фактор за вработување

На огласот од Клиниката за гинекологија, каде меѓу условите беше и националната припадност, се пријавиле 16 кандидати, дознава „Скопје1“. Комисијата на Клиниката утврдува дали сите пријавени ги доставиле потребните документи. Огласот не беше поништен и покрај реакциите на стручната фела дека мора да се бираат медицинари според стручност, а не националност.

Се очекува огласот да резултира со шест нови вработувања. Меѓу пријавените, има доволно кандидати за секоја од професиите. Ќе се вработат двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, двајца доктори на специјализација по педијатрија, двајца доктори на специјализација по анестезија и интензивна медицина.

За овој оглас имаше остри реакции. Доктор Лазаров ги праша институциите: „Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???“.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити смета дека етничката припадност не треба да има предност пред професионалноста при вработувања во здравството, а со тоа се согласи и премиерот Димитар Ковачевски. Но, според двајцата, мора да се почитува законот кој предвидува правична застапеност на етничките заедници дури и во здравството.

На почеток