Македонија

Најладно на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Маврови Анови, -3 во Берово, -2 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, 2 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 59 сантиметри во Маврови Анови, 54 во Попова Шапка, 24 во Крушево, 2 во Тетово.

Времето во текот на ноќта и изутринава
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 км/ч. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.

Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

На почеток