(Видео) Нервоза и дерење: Стотина граѓани извисија на пунктот за документи без термин – им заклучија врата во 13 часот оти нема втора смена
Заклучени врати и стотина граѓани пред нив – ваква е сликата кај полициската станица „Пролет“, каде во долги колони и денеска се чекаше за да се поднесат документи за издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи. Редицата на граѓани се протега долж улицата, а вратата од пунктот е заклучена. Граѓаните биле известени од службеник на МВР дека втора смена за издавање документи – нема да има.
„Не знам госпоѓо што е работата, нивниот надлежен кажа дека нема да се работи веќе. Нема да работи пунктот денеска, нема да доаѓа втора смена. Не знам како да ви помогнам“, им кажа службеник од МВР на сите кои чекаа“, кажа службеникот кој бил задолжен само да извести.
Одговори побаравме и од МВР. Прашавме зошто пунктот не работи втора смена, но и зошто затвора во 13 часот. Оттаму очекуваме одговори.
Пред овој пункт има граѓани кои доаѓаат и чекаат ред и по неколку денови. Претежно станува збор за возрасни граѓани, на кои од личните документи им зависи и подигнувањето на пензиите од банка, плаќањето сметки, секојдневното функционирање. Покрај нив е и младата популација, која чека ред да ги извади сите документи.
„Скопје1“ веќе објави дека пасошите нема да важат после 12 февруари. Граѓаните се во трка со времето за да ги променат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи ако не се донесе поинаква одлука и тие ќе бидат неважечки.
Пасошите нема да важат од 12 февруари, без разлика до кога е рокот на истекување