Македонија

Скандалот во М-НАВ одекна и надвор од Македонија

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски беше повикан во седиштето на Делегацијата на ЕУ, а скандалите во М-НАВ преминаа од границите на Македонија. Известени се меѓународни претставништва на европско ниво, а кои работат со контролите на летање.

„Делегацијата на ЕУ и амбасадите ги пратат сите збиднувања. Сега очигледно дека кај нас се комплицираат работите и на виделина излегуваат стравувањата за кои изминатите месеци предочувавме. Покажаа спремност за да нѐ повикаат, да разговараме. Беа премногу добро запознаени со сите настани и лица. Ги разбраа нашите барања за професионализам, тие викаат: ‘Тоа е нормална работа, како поинаку би било’. Ние имаме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме ние“, кажа Тасевски.

Тој посочува дека е жалосно што скандалот оддекнува насекаде.

„Вчера беа испратени полициски службеници за да го обезбедуваат објектот“, објасни Тасевски.

Посочи дека ќе остнаат на тоа да се постават соодветни кадри на соодветните позиции во М-НАВ. Бара истрага за да се провери целото работење на М-НАВ.

До 9 јануари ќе се знае дали ќе се затвори воздушниот сообраќај во Македонија.

На почеток