Со лична карта лице барано од Интерпол, лице од Косово сакало да влезе во Македонија
Од
Објавено на
На 07.01.2024 во 17.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, при извршена контрола на К.С.(35) од Р.Косово кој приложил косовска лична карта, било констатирано дека во евиденцијата е со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
„Со него бил извршен службен разговор во кој тој изјавил дека по грешка приложил туѓа лична карта, по што ја приложил неговата патна исправа, при што било констатирано дека станува збор за Г.М.(28) од Р.Косово“, велат од МВР.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.