Премиерот контра Николовски: Јас не сум портпарол на семејства, тие нека си кажат како им се вработиле роднините во М-НАВ
Министрите Бујар Османи, Артан Груби и Љупчо Николовски треба да си кажат како нивните роднини се вработени во М-НАВ, порача премиерот Димитар Ковачевски. Тој не сака да биде портпарол на нивните семејства.
„Па тоа ќе морате да ги прашате тие кои имаат роднини, било каде. Јас имав принципиелен став во однос на М-НАВ“, рече Ковачевски на прашањето „Како го коментирате тоа што пола од владата имаат вработено роднини во М-НАВ.
„Видов дека министрите кои имаат вработени роднини, си даваат свои ставови. Јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе. Ако се отвори таа тема ќе видите кои се од Академија на судии и обвинители стануваат обвинителии судии, па да видите во министерствата“, рече Ковачевски.
На времето, според Ковачевски, министер си ја вработил и бејбиситерката во министерството.
Претходно, министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, жестоко реагираше оти беше прашан како неговиот чичко и внук се вработени во М-НАВ, па се расправаше со новинарите.
(Видео) Николовски се караше со новинари оти го прашаа за чичко му и внук му вработени во М-НАВ