Македонија

Од Грција молк, а во нивни раце е важноста на пасошите со старото уставно име – без да се согласат џабе се законски измени

Законски измени за пасошите да важат и по 12. февруари можат да се направат, но ќе бидат залудни ако Грција не даде дозвола тие да важат за патување надвор од Македонија. Според премиерот Димитар Ковачевски, тоа произлегува од уставните измени и Преспанскиот договор. Грција, до сега, се нема изјаснето дали ќе остави уште некој месец да важат пасошите со старото уставно име.

„Промената на личните документи за надворешна употреба, пасошот, се потребни за граѓаните да патуваат надвор од државата. Треба да се постигне договор со Грција. Треба да ги видите дестинациите каде патуваат нашите граѓани. Од мај до септември, Грција е најчеста дестинација на Македонците. Ќе разговараме со минситрите, може да направиме законски измени, но се документи за надворешни употреби“, кажа Ковачевски.

Променети се 1,2 милиони пасоши, но има уште граѓани кои немаат документ.

„Со потпишувањето на Преспанскиот договор, сме се обврзале како држава, дека документите за надворешна употреба ќе бидат со новото уставно име на државата. Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата презеде обврска да се слушне со претседателката на Грција. Ја видов иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд, таа не ја отфрлам, но е одлука на Уставен суд“, додаде Ковачевски.

На почеток