Македонија

Собранието не коментира како новинарите од Косово и Албанија се развозувале со државни возила: Не беа привилигирани

„Во врска со загриженоста што Здружението на новинарите ја изрази и во допис до Кабинетот на претседателот на Собранието, но и преку медиумите, а во однос на седницата што се одржа на 28.01.2024 година, на која беше избрана техничката Влада на Република Северна Македонија, ве информираме дека не станува збор за привилегиран однос на Собранието кон одредени новинари, ниту за непринципиелен третман кон новинарите и медиумските работници од домашните медиуми“, велат од Собранието на реакцијата дека новинари од Косово и Албанија добиле и транспорт со службено возило додека престојувале во Македонија.

„Сакаме да истакнеме дека, поради зголемениот интерес на претставници од домашните, но и од странски медиуми, кои уредно беа акредитирани до 26 јануари годинава, беше увидено дека интересот за следење на пленарната седница е значително зголемен во однос на вообичаената пракса, поради што го ставивме на располагање целиот капацитет на галеријата.

Ве уверуваме дека Собранието на Република Северна Македонија останува институција отворена за граѓаните, но и за претставниците на медиумите со кои и досега сме имале конструктивна и плодна соработка, во интерес на нанавремено и доследно информирање на граѓаните и таа соработка во иднина ќе се продлабочува“, додаваат од законодавниот дом.

Странски новинари развозувани со владини возила, па привилигирани во Собранието, реагира ЗНМ и бара објаснување од Јован Митрески

На почеток