Игор Пехчевски се избори за „трикафта“ – пациентот со цистична фиброза го започна лекувањето
Пациентот Игор Пехчевски доби лекување со лекот „трикафта“ за кој водеше борба која траеше повеќе од година. Тој посочува дека е пресреќен што неговите напори вродиле со плод.
„Денеска почнувам со примање на долго очекуваниот и револуционерен лек ‘трикафта’ кој за мене живот значи! Пресреќен сум за тоа што макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност. Дојде и тој денот кога ЦФ почнува да значи целосно функционални наместо Цистична фиброза. Им посакувам на моите соборци што поскоро сите да го добијат лекот“, напиша Пехчевски и објави фотографија.
Пехчевски повеќепати завршуваше хоспитализиран во болница поради вложено здравје.
Влошено е здравјето на пациентот со цистична фиброза кој година дена бара лек: За мене е тажен ден