Македонија

Влошено е здравјето на пациентот со цистична фиброза кој година дена бара лек: За мене е тажен ден

По една година барање на лек, за што надлежните здравствени органи немаа слух, повторно хоспитализиран Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза. Тој се бори со државата за да го прими лекот „трикафта“ кој го добија само неколку пациенти. Истовремено, државата не дава пари за лекот да го добијат сите кои се борат со болеста.

„Денеска кога го одбележуваме 21ви Ноевмври, меѓународниот ден на болните од Цистична фиброза, за мене е тажен ден. За жал јас сум повторно хоспитализиран. Болеста не чека. Не чекаме ниту ние. Се борам и ќе се борам. Лек за сите. Трикафта за сите“, напиша Пехчевски.

Битката за право на лек на Пехчевски трае долго. Министерот за здравство, Фатмир Меџити го обвини Пехчевски дека прави шоу со неговите јавни настапи.

To Top