Хаос во информатичко општество: Дополнителниот министер обвинува за антидатирање на документи, повика инспекции
„Комлетно незаконски, со притисоци врз вработените во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација, денес се архивираат одлуки со вчерашен датум. Зашто? За да поминат нелегалните вработувања пред распишување на изборите“, обвинува Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација.
Тој додава: „Согласно законот за архивско работење член 15 од Уредбата на Владата за канцелариско и архивско работење не е дозволено антидатирање на предмети (заведување на предмети со претходен датум) сите документи/записи, писарницата ги испраќа истиот ден кога ќе ги прими потпишани или најдоцна ден по приемот“,
Ги повикувам Управниот инспекторат и другите надлежни институции да влезат во Мнистерството за информатичко општество и администрација и да ги испитаат логовите од ДМС системот кога се изработени документите, кога се заведени и со кој датум се заведени. Гарантирам дека одговорност ќе има – или сега или после изборите!“.