Македонија

Скопје пак останува без превоз: Нема плата, нема возење

Скопјани повторно остануваат без превоз, овојпат на еден ден. Вработените во ЈСП немаат земено плата заклучно со денеска, кога е последниот законски рок за исплата. Нема информации од претпријатието, кога платата за јануари ќе биде исплатена. Лути и се на градоначалничката Данела Арсовска, оти ваков договор за донцење – немало.

„Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот. Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката (за субвенции на ЈСП). Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок“, вели Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на претпријатието.

Тој праша каде ќе им оди душата на виновниците поради кои тие немаат јануарска плата. Стојановски е дециден дека ако нема лата, нема возење односно нема првеоз.

На почеток