Македонија

Кои професори и доктори најавија дека ќе „трчаат“ кон Водно, се очекуваат уште три кандидатури за претседател

Двајца доктори и двајца професори најавија влез во трката за да станат претседатели на Македонија. Истовремено, двајца од нив имаат политички партии зад себе, а двајца ќе треба да собираат потписи за кандидатура. Вело Марковски беше прв, Јове Кекеновски рече дека има „сериозна и реална амбиција“, Билјана Ванковска имаше и промоција направена од Левица, а последен беше Арбен Таравари кој рече дека не е заинтересиран да биде кандидат, па се предомисли. Тие нема да бидат единствени, бидејќи кандидати ќе имаат СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Вело Марковски

Вело Марковски, доктор инфектолог прв ја обзнани желбата да влезе во претседателската трка и тоа како независен кандидат но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.Иако, тој веќе три години е дел од највисоките органи на најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, засега нема информации дали, професорот Марковски ќе биде поддржан од матичната партија и дали во трката за шеф на државата влегува на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Според него измама на народот е криењето на претседателските кандидати на недела пред избори.

„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во широка општествена активност”, вели Марковски.

На познатиот инфектолог бракот со многу помладата Јулијанс му е и втор брак. Тој е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.

Тој заедно со 7 лица се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РС Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.

Јове Кекеновски

Јове Кекеновски, Универзитетски професор, неофицијално ги најави амбициите за да седне во вила Водно, а пред две години официјално беше кандидат за ректор на Битолскиот универзитет, но изборите ги загуби. И Кекеновски се надева на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. 2015 ја основаат Фронт за демократска Македонија (ФроДеМ).Претседател на партијата е Јове Кекеновски. Основачи: Јове Кекеновски, Тодор Ношпал, Љупчо Алексовски, Љупчо Ристовски и Ненад Новковски.

Партијата учествувала еднаш на парламентарни избори и тоа во 2016 година како дел од коалцијата „Коалиција за промени и правда – Трет блок“ заедно со Демократски сојуз, ДЕМОС и МОРО-РП. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,8% од вкупниот број на гласови.Коалицијата не освоила пратеничко место во Собранието.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција ,,Никогаш Северна само Македонија” заедно со Единствена Македонија колицијата освоила 2.604 гласови односно 0.29% од вкупен број на гласови.

Кекеновски прв го скрши мразот во 2014 обзнанувајќи ја кандидатурата за претседател на претстојната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, на која загуби од Ѓорге Иванов.

Противник е на вклучување на доктори во политиката:Подобро е да имата добар доктор во струката отколку лош доктор во политиката..Јове Кекеновски ја извршуваше должноста Градоначалник на Град Скопје во периодот од 1995 – 1996.

Билјана Ванковска

Билјана Ванковска, доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Колумнист во повеќе печатени медиуми.

Во 2014 година била еден од претендентите за претседателски кандидат на Македонски претседателски избори во 2014 година, но не удпеа да собере 10.000 потписи. Беше разочарана од студентите и колегите, но ги обвинуваше државните институции дрка го фаворизирале Ѓорге Иванов.

Професорката Билјана Ванковска, овој пат нема да има проблеми со собирање потписи, таа е претседателски кандидат на Левица.

Мислиме дека конечно е дојдено времето народот да може да избере солиден, и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат за овие избори. Затоа и први го обзнануваме и практично фрламе ракавица на меинстрим буржоаските партии да дадат кандидати кои ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, рече за неа претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Ванковска вели сега има многу поголема самодоверба и зад неа стои тим. Понатаму, за Левица посочи дека е политичка партија за почит и она што ги доближува се две нишки – патриотизмот испреплетен со левичарската идеологија.

За време на битката за Автономија на универзитетот, беше со Силјановска-Давкова, но молчеа како основци пред Груевски и со ништо не му се спротивставија.

Арбен Таравари

Арбен Таравари, лекар – невролог и поранешен министер за здравство во владата на Заев од 2017. Познат остана по ПР стратегијата Здраво Таравари, со која покажуваше транспарентност и отвореност кон граѓаните.Тој моментално е градоначалник на Општина Гостивар. Лидер е на Алијанса на Албанците по оставката на Зијадин Села поради лошите резултатите на локалните избори во Тетово. Љубовта меѓу Таравари и Села се распрсна како меур од сапуница по прашањето со кого да се коалицира на избори. Се натпреваруваат кој има повеќе приврзаници, кој прв ќе свика Конгрес, кој кого ќе разреши, кај кого е печатот.

Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок. Тој ќе биде кандидат на албанската опозицијата за претседател на државата иако пред месец дена тврдеше дека не е заинтересиран за оваа позиција. Села за него ќе каже:Јас го направив политичар.
Вечерва, во античката албанска престолнина, во историското Скопје, разбрав појасно од кога било, дека Промените започнаа и повеќе не запираат, напиша Таравари на неговиот профил на ФБ на вонредниот конгрес.

Големите политички партии и натаму во тајност ги држат кандидатите за претседател.

На почеток