(Фото) „Абе само да се мрчело“: Во учебник по природни науки се најде илустрација на српски јазик
Во учебникот по природни науки за шесто одделение, се најде и илустрација на српски јазик. Децата од основно образование треба од неа да го научат водениот циклус односно кружното движење на водата. За ова реагираше родител, кој го објави учебникот јавно.
„Илустрација од учебникот природни науки за шесто одделение. Го негуваме македонскиот јазик. Техничка грешка што би рекол министерот. Абе само да се мрчело!“, напиша родителот.
Дел од термините во учебникот се: „Стварање водених талога (киша, снег)“, „Испаравање“, „Транспирација“, „Подземне воде“.
И ова не е првпат да има грешки во македонските учебници. Во учебник за математика стои „збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени“.