Македонија

Во Владата на Ковачевски имало бунт кога требало да се стопира зголемувањето на функционерските плати

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, кажа дека имало дискусии во Владата, но во претходниот состав, а поврзана со стопирањето на новото зголемување на функционерските плати. Тој кажа дека имало поединци кои не се согласувале тоа да се случи.

„Не се дискутирало на сегашниот состав на Влада за функционерските плати. Имавме претходни дискусии, имаше законски решенија, но едоставно немаше разбирање од сите чинители кои се дел од Владата. И ние како СДСМ кои сметаме дека во општеството мора да има правични и праведни решенија, сметавме дека тоа е начин на кој треба да се интервенира“, рече Битиќи.

Тој не сакаше да прецизира кои министри не сакале да се стопира зголемувањето на функционерските плати

„Ако се прашав јас, ќе требаше да се вратиме на целосно нова методологија, онаква каква што има во јавниот сектор. Ова е најдоброто можно решение во овој момент“, додаде тој.

На почеток