Кабинетот на Пендаровски го нападна ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните добро знаат кој е претседателот

Од
Објавено на

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните
„ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет“, велат од Кабинетот на Пендаровски и додаваат:
„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.
Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“.
