Македонија

Денес над 27 илјади граѓани со потпис за Гордана Силјановска Давкова

„Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава:

„Условот од 10 илјади потписи е надминат. Ви благодарам за поддршката. Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“.

На почеток