Македонија

Венко Филипче, малиот Заев, остави пустош во здравството, сега ќе го опустоши СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче, малиот Заев, остави пустош во здравството, сега ќе го опустоши СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Милионски тендери, обиди за приватизација, изгорени болници, тоа е Венко Филипче и неговиот печат врз здравството и Македонија.

Филипче не донесе ништо добро во здравството, штетите од неговото владеење се огромни.

Филипче знае дека доаѓа време кога ќе треба да одговара за криминалот кој го сторил, па веќе пензиониран, се врати во политика за кога ќе биде соочен со правдата да се вади на политички притисоци, и со надеж дека некогаш повторно ќе може да го прави криминалот кој еднаш веќе го правел. Филипче се лаже, затоа што не може да избега ниту од одговорност, ниту пак некогаш повторно ќе може да управува со државата и институциите.

To Top