Најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп, упати Мицкоски
Од
Објавено на
Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој додаде:
„Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.
Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ.