Фатиме Фетаи стана доктор на науки
Од
Објавено на
Обвинителката Фатиме Фетаи го одбрани докторскиот труд на тема „Главна расправа во практиката – предизвици и дилеми“ на правниот факултет „Јустинијан Први“. На одбраната, освен нејзиното потесно семејство и пријателите, присутни беа десетици колеги – судии, обвинители, адвокати.
Со одбраната, Фетаи го доби највиското академско звање – доктор на науки.
Фетаи сега е виша обвинителка во Вишото обвинителство-Скопје. Таа претходно беше дел од Специјалното јавно обвинителство во тимот на Катица Јанева.