Македонија

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”

Стоилковски: Срамот и хаосот во судството не застанува, ако СС незаконски разрешува претседател, што останува за обичниот граѓанин којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство

„СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.

Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.

СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”. И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев.

Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година.

А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?

Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.

Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред“, вели Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток