Скопје

(Фото) Полицаецот прегазен во Скопје уште се лекува на Клиника: го посети министерот, но и позната пејачка и од полицискиот синдикат

Полицаец бил прегазен на улицата „Јордан Мијалков“ и со тешки повреди, со денови се лекува во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На посета му беа од Македонскиот полициски синдика, но и пејачката Елена Ристевска. Од Синдикатот најавија одговорност за возачот кој удрил во полицаецот.

„Делегација на МПС составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски и Претседателот на Совет на МПС-СКОПЈЕ 3 Мемедали Муареми го посети колегата Христо Цаповски во Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје. Имено колегата Христо вработен во ОБПС при СВР СКОПЈЕ, при превземање службени дејствија на ул. “Јордан Мијалков” бил удрен од патничко моторно возило при што му биле нанесени тешки телесни повреди. На повредениот колега, МПС ќе му обезбеди правна помош од страна на адвокатот на МПС за судскиот процес кој следи, со цел извршителот на делото да си ја добие заслужената казна како и остварување на соодветно обештетување од осигурувањето кое го плаќа МПС месечно за секој свој член.
Македонскиот полициски синдикат на повредениот колега Христо Цаповски му посака побрзо оздравување и враќање на работните обврски“, велат од МПС.

Пред два дена, на посета му беше и Ристеска.

„Побрзо закрепнување и со лесно низ животот ти посакувам Христо Ц.Не можев да останам имуна на поканата од твојот татко за да те посетам и да пробам да те орасположам после тешкотијата која ти се случила. Иако не сакам да објавувам вакви настани, знам дека тебе ти значи“, напиша Ристеска.

На почетокот од март, на посета беше и министерот Панче Тошкоски.

На почеток