Зеленски нокаутиран? НАТО не планира да праќа војници во Украина
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата не планира да испраќа војници во Украина и предупреди дека доколку некоја членка поединечно испрати војници, Северноатлантската алијанса ќе стане страна во конфликтот.
Во интервју за Ројтерс, тој го повтори својот став дека Алијансата не треба да испраќа војници во Украина, откако претходно ја отфрли изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека таква можност постои.
„НАТО не планира да испрати војници во Украина и не е страна во конфликтот, ниту пак нејзините членки“, нагласи Столтенберг.
Столтенберг појасни дека секоја индивидуална одлука на која било членка да испрати војници во Украина би влијаела на целата Алијанса, бидејќи сите членки се обврзани со договорот за колективна одбрана, пренесе „Раша тудеј“.
„Мислам дека е важно да се консултираме и да имаме заеднички пристап кон овие важни прашања, бидејќи тие не засегаат сите нас“, рече Столтенберг.
Москва предупреди дека присуството на силите на НАТО во Украина најверојатно ќе доведе до неизбежен директен конфликт меѓу Русија и Алијансата.