Свет

Германија се приклучи во испраќањето хуманитарни пакети во Газа по воздушен пат

Германија денеска објави дека се придружува на воздушниот транспорт на хуманитарни пакети во Газа, бидејќи Израел продолжува да одбива да дозволи храна и лекови во областа по копно.

Германскиот тим на француско-германската ескадрила кон крајот на оваа недела ќе тргне со транспортни авиони C-130J Hercules, пренесува Ал Џезира.

„Луѓето во Газа немаат основни потреби. Сакаме да го направиме нашиот дел и да им обезбедиме пристап до храна и лекови“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

На оваа операција, која ја започна Јордан, се приклучија повеќе земји, меѓу кои Франција и Соединетите Американски Држави, пишува Ал Џезира.

На почеток