Македонија

Ќе постои можност да се провери каде може да се подигне готова лична карта – полициска станица или МРТВ

На сајтот на МВР ќе биде достапна опција да се провери каде граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични карти во Скопје – дали во МРТВ или во полициска станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека се работи на оваа нова можност за да се имплементира.

„Тоа ќе биде еден од наредните чекори, за граѓаните да бидат информирани дека личните карти им се готови и дека им се дадени во соодветна полициска станица. Правиме се што е возможно за процесот да биде достоинствен, а наеднаш сѐ не можеме да направиме“, вели Тошковски.

За времето потребно за имплементација, ќе се произнесе дополнително.

„Не би знаел за колку време, кога ќе ја имам информацијата, ќе ја споделам со вас“, додаде Тошковски.

На почеток