Македонија

Трипуновски со докази: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Трипуновски: Заради неспособноста на СДС, ИПАРД 3 стартува во септември 2023, наместо во март 2022

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус објави документи на кои се гледа дека е издадено решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште потпишано од министерот Николовски, за кои Николовски тврди дека МЗШВ нема донесено вакви решенија.

,,Уште една лага на министерот Николовски!
Тврдењето дека нема раскинато договори за земјоделско земјиште не е точно. Вистината е дека Николовски носи решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште.
Јас секогаш зборувам со факти и докази, па така еве еден од многуте раскинати договори на земјоделците за кои министерот Николовски вели дека не постојат.
Заради негрижата на актуелната власт многу земјоделци нема да можат да аплицираат за субвенции токму заради раскинатите договори од страна на Николовски”, вели Цветан Трипуновски.

На почеток