Свет

Гранатиран руски град среде избори: Две лица загинаа, гневот во Кремљ расте

Две лица загинаа, а тројца се повредени како резултат на гранатирањето на рускиот регион Белгород од страна на украинските вооружени сили, соопшти гувернерот Вјачеслав Гладков.

Во објава на Телеграм, тој прецизира дека две лица починале: маж и жена, а лекарите се борат за животот на нивниот син. Гладков рече дека уште двајца мажи се здобиле со повреди на главата и дека нивната состојба се оценува како задоволителна и дека сите се повредени.

Руската воздушна одбрана пресретна три беспилотни летала, проектил и тактичка балистичка ракета Точка-У над регионот Белгород во Русија и пет беспилотни летала над регионот Курск, соопшти претходно руското Министерство за одбрана. Утринава украински беспилотни летала нападнаа и две нафтени рафинерии во областа Самара во Русија, а избувна и пожар во објектот во Сизрање, соопшти шефот на регионот Дмитриј Азаров.

Тој изјави дека е запрен обидот за напад на рафинеријата за нафта во Новокујбишевск, пренесува РИА Новости.
Според него, во ниту еден од нападите нема повредени.

Азаров додаде дека во овие погони се преземаат мерки за итно отстранување на последиците од нападот.

На почеток