„Повеќето од убиените се деца, меѓу жртвите има и бремена жена“: Властите во Газа за нападот во близина на бегалскиот камп
Од
Објавено на
Канцеларијата за односи со медиумите во Појасот Газа денеска соопшти дека повеќето од 36-те лица убиени во петочниот израелски напад врз куќа во близина на бегалскиот камп Нусејрат се деца.
Меѓу убиените има и бремена жена, а куќата се наоѓа западно од кампот во централниот дел на Појасот Газа, јави Ал Џезира.
„Ние ја сметаме американската администрација, меѓународната заедница и израелскиот окупатор за апсолутно одговорни за ескалацијата на овие злосторства и масакри врз немоќните цивили“, се вели во соопштението на канцеларијата на Телеграм.