Терор на улиците на Лондон: Два напади со самострел за 10 дена, полицијата трага по маж кој го тероризира градот
Во Лондон во рок од 10 дена се случија два напади со самострел, а полицијата верува дека случаите се поврзани и дека напаѓачот е истиот.
Најпрво една жена (44) била застрелана со стрела во главата додека поминувала улица во Шоредич вечерта на 4 март.
Потоа, на 14 март, маж (20) бил погоден во вратот од стрела во близина на улицата Арнолд Циркус, 60 метри од местото каде што се случил првиот напад, исто така во вечерните часови, објави Скај њуз.
Двете жртви ја напуштиле болницата и не се верува дека имаат долгорочни здравствени ефекти, соопшти полицијата. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот, а повеќе полицајци во текот на викендот ќе бидат испратени во областа за подобра заштита.