Свет

„Ова е последното упориште на Хамас во Газа“: Нетанјаху го одобри офанзивниот план Рафах

Јапонскиот премиер го предупреди Нетанјаху: Намалете го бројот на цивилни жртви

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

Израел соопшти дека Рафах, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по израелската воена операција во северниот и централниот дел на палестинската енклава.

Кабинетот на Нетанјаху наведува дека офанзивата на Рафа е неопходна за да се постигнат воените цели и дека не е прашање „ако“ ќе се случи офанзивата, туку „кога“.

Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафа е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.

Истовремено, Нетанјаху го нарече „апсурден“ планот на Хамас за прекин на огнот, ослободување заложници од Газа и ослободување на палестински затвореници од израелските затвори.

На почеток