87,28 отсто за Путин: Преброени сите гласови на изборите во Русија
Од
Објавено на
Владимир Путин доби 87,28 отсто од гласовите на изборите за претседател на Русија, покажуваат прелиминарните податоци што денеска ги објави руската Централна изборна комисија врз основа на 100 отсто обработени гласачки ливчиња.
Николај Харитонов освоил 4,31 отсто од гласовите, Владислав Даванков 3,85 отсто, додека за Леонид Слуцки гласале 3,2 отсто од гласачите.
Изборите во Русија траеја три дена, од 15 до 17 март.
Официјалните резултати се очекува да бидат објавени во четврток, на 21 март.