Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска- фаворити на листите на СДСМ


Вечерва СДСМ ќе излезе со имињата на кандидатите со кои влегува во парламентарната трка на 8 мак. СДСМ освен носителите на листи ќе ја презентира и програмата.
Еве ги имињата за кои веќе пушуваше Скопје1:
Прв на листата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски. Тука ќе биде и претседателската битка, бидејќи од ВМРО- носител е Мицковски. Во единицата коносител е Моника Зајкова од ЛДП.
Носител во втората изборна единица е поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а коносител е Фатмир Битиќи.
Тројката ќе ја предводи Сања Лукаревска од УЈП, а втор е актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Носител во четвртата изборна единица е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а втора Јована Тренчевска.
Актуелниот преседател на Собранието Јован Митрески е носител во петката, а заменик е Бисера Костадиновска, министерката за култура.
Шестката ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска, а како како втор е Агрон Демири.
