Свет

Путин: Се надевам дека обвинителите ќе направат се за да ги казнат терористите

Путин премести дел од нуклеарното оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека истражителите ги утврдуваат околностите на терористичкиот напад во Москва и додаде дека се надева оти обвинителите ќе направат се за да ги казнат терористите.

„Се надевам дека обвинителите, во рамките на нивните овластувања, вклучително и при поднесување државни обвиненија и за време на судскиот процес, ќе направат се што е потребно за да се осигураат дека криминалците ќе добијат правична казна. Како што налага рускиот закон“, рече Путин на состанокот на колегиумот на Генералното обвинителство на Руската Федерација, пренесува РИА.

Тој додаде дека безбедноста на граѓаните, зголемувањето на суверенитетот и зајакнувањето на законот и редот се уште се клучните политички цели на руските власти. Тој најави отпочнување на националниот проект „Младите на Русија“ во чии рамки, како што рече, ќе се работи на заштита на правата на малолетниците.

„Ќе направиме се за да обезбедиме децата и адолесцентите да бидат заштитени од криминални напади и ризик да бидат вовлечени во криминална и екстремистичка средина“, рече Путин.

Најмалку 137 лица загинаа, а повеќе од 180 беа повредени во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.

На почеток