Свет

Одмаздата на Путин може да започне во секој момент: Пеколот ќе падне на Украина

Поранешен шведски премиер: Путин сонува за царство, сака да ги проголта Украина и Белорусија

Најлошиот терористички напад на руска територија во последните две децении ги остави Русите во шок. Вооружените напаѓачи ја започнале својата крвава гозба неколку минути пред почетокот на концертот во „Крокус сити хол“ во кој според последните податоци загинале 137 лица. Експертите тврдат дека оваа црна бројка речиси сигурно ќе се зголеми со оглед на бројот на тешко повредени. Иако сите достапни докази покажуваат дека ова масовно убиство е дело на Исламската држава со седиште во Авганистан, Таџикистан и Пакистан, рускиот претседател тврди дека Украина била вмешана во се и ветува дека одговорните ќе бидат казнети.

За терористичкиот напад обвинети се четворица државјани на Таџикистан, кои се појавија на суд, а Владимир Путин истакнува дека при нивното бегство се обиделе да ја преминат границата, бидејќи Украина планирала да им „направи премин“.

„Знаеме дека злосторството го извршиле радикални исламисти, против чија идеологија со векови се бори самиот исламски свет, но неопходно е да се одговори на прашањето зошто терористите се обидоа да заминат во Украина по нападот во руската престолнина. “, рече Путин.

Тој додаде дека руските власти го истражуваат нападот, но дека го интересира „кој го наредил нападот“ и „кој има корист од него“.

„Ова злосторство можеби е само една алка во цела низа обиди на оние кои војуваат со нашата земја од 2014 година од страна на неонацистичкиот режим во Киев. Сега најважно е да ги спречиме оние кои стојат зад терористичкиот напад да извршат нови злосторства“, нагласи рускиот лидер.

Макрон рече дека би било контрапродуктивно и за Русија и за нејзините граѓани да го искористат овој напад за да се борат против Украина.

Соединетите Американски Држави и другите западни земји нагласија дека Исламската држава е одговорна за нападот, а САД дури истакнаа дека ја предупредиле Русија за опасноста од потенцијални терористички напади неколку дена пред таа кобна петочна вечер.

Од друга страна, иако тој тврди дека Украина имала удел во терористичкиот напад, Путин не достави никаков доказ за да го поткрепи неговото тврдење.

На почеток