СДСМ: Со ДПМНЕ на чело на МВР се влошува безбедносната состојба
,,Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија.
Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица.
Налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.
Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.
ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.”, велат од СДСМ.