Македонија

Демири: Го зајакнуваме здравствениот систем, вложуваме во нови лекови, инфраструктура, опрема и се грижиме за медицинскиот персонал

Министерот за здравство д-р Илир Демири истакнува дека откако стапил на функцијата министер за здравство посветено се работи на зајакнување на здравствениот систем.

„Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со Светската здравствена организација, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани. Фокусирани сме на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата.

Минатата година се воведоа шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза за првпат примија лек. Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата. Нека ни е честит Светскиот ден на здравјето!“ истакнува Демири.

На почеток