Нов шамар за општството: „Емпатија немате кон себе, но добро глумите дека ја имате кон децата со атипичен развој!“
Амела Мемиш Апостоловска (37) е мајка на две деца со посебна попреченост во развојот – Андреа (13) и Леон (10). Таа е дипломиран педагошки едукатор, на насока психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот.
Денеска, кога се одбележува Меѓународен ден на лицата со попреченост апелираше со сите: „Престанете веќе со малтретирање на денот 3-ти декември“. Таа порача дека родителите на овие деца не го живеат само меѓународниот ден, туку 365 дена воо годината.
Нејзиниот цел статус:
За родителите кои имаат лице со попреченост не го живеат само 3-ти Декември, туку и секој нареден ден 365 дена во годината , направете веќе чекор кон иднината со оноа што на родителите им недостасува , а да не биде јавно споделено на социјалните мрежи.Реалноста, за жал, често се коси со убавите зборови. Лицата со попреченост и нивните семејства во Македонија се соочуваат со системски препреки недоволна поддршка од институциите, ограничен пристап до образование, вработување и здравствени услуги, како и социјална стигма која дополнително го отежнува нивниот живот.
Секоја година на овој датум, Македонија формално ја истакнува важноста на инклузијата, правичноста и поддршката за лицата со попреченост. Но, колку овие декларативни заложби се претвораат во реални и суштински промени?
📌ПРЕСТАНЕТЕ да глумите инклузија и прифаќање да лажирате слики да ги присилувате децата да се сликаат на работилници во училиштата.
📌НАПРАВЕТЕ го 3-ти Декември да биде секој ден таков , а не само еден ден.
📌НАПРАВЕТЕ позитивни чекори за родителите а не само за вас да се прикажете колку сте вие инклузивни а немате ниту “И” од ИНКЛУЗИЈА.
📌ВО ЕУ ВЕЌЕ СТЕ ПРОБИЕНА ПЛОЧА НА ЛАЖИРАЊЕ.
📌ШТО НАПРАВИВТЕ СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?
Декларативни политики, без конкретни чекори
Многу стратегии и закони кои се носат остануваат само на хартија. Пример, пристапноста во јавните установи и инфраструктурата сè уште не е стандард, туку привилегија на ретки места.
📌ОТВОРИВТЕ ЛИ ЦЕНТРИ?
📌ОТВОРИВТЕ ЛИ ЗГРИЖУВАЧКИ ИНСТИТУЦИИ?
📌НАПРАВИВТЕ ЛИ КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДИЈАГНОЗИТЕ?
📌УСПЕАВТЕ ЛИ ДА ГИ СОГЛЕДАТЕ ДИЈАГНОЗИТЕ КАКО ПРЕДНОСТ , А НЕ ПОПРЕЧЕНОСТ?
Успеавте да направите невидливост на работниот пазар.Повеќето лица со попреченост се соочуваат со дискриминација и не можат да најдат работа, и покрај нивните способности и желба да бидат дел од општеството.
📌ОТВОРИВТЕ ЛИ УЧИЛИШТА СПОРЕД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ?
📌ИМ ДАДОВТЕ ЛИ ТОА ШТО ГО ЗАСЛУЖУВААТ РОДИТЕЛИТЕ КОИ СТРАВУВААТ ЗА СВОИТЕ ДЕЦА И НИВНАТА ИДНИНА?
📌ОБУЧИВТЕ ЛИ КАДАР СООДВЕТЕН?
📌АСИСТЕНТИ ОБЕЗБЕДИВТЕ ЛИ ?
Направивте образовен систем што не ги прифаќа сите.Иако инклузивното образование е законски регулирано, училиштата немаат адекватни услови, обучен кадар или флексибилни наставни програми за вистинска инклузија на децата со попреченост.
👉🏼СО ГОДИНИ НАНАЗАД НА СЕКОЈ 3-ТИ ДЕКЕМВРИ ДА НАПРЕВЕТЕ ЕДНО ОД ОВИЕ МАЛКУ НАБРОЈАНИ РАБОТИ ЌЕ ПОСТИГНЕВТЕ НЕШТО НА МЕЃУНАРОДНО НИВО.
ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО…..НИШТО НЕ НАПРАВИВТЕ …
‼️ИЗВИНЕТЕ , ДА‼️ НАПРАВИВТЕ ,ЗАБОРАВИВ , НО ЗНАЕТЕ ШТО НАПРАВИВТЕ?
👉🏼НАТПРЕВАР ВО СЛИКАЊЕ КОЈ ПОДОБРО ЌЕ ИЗВАДИ СЛИКА ЗА НА ФБ ДА СЕ ПРЕТСТАВИ ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО СО ТРАУМАТИЗИРАЊЕ НА ДЕЦАТА…
‼️ЗАСРАМЕТЕ СЕ…‼️
👉🏼ЕМПАТИЈА НЕМАТЕ КОН САМИТЕ СЕБЕ СИ , ЉУБОВ И ТРПЕНИЕ КОН ТИПИЧНИТЕ ДЕЦА, НО ДОБРО ГЛУМИТЕ ДЕКА ЈА ИМАТЕ КОН ДЕЦАТА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ.
📌ЗАР НЕ ВИ СЕ ЗДОСАДИ ОД МАСКИТЕ ????
(СО ПОЧИТ И ИСКЛУЧОК КОН ОНИЕ ШТО ГИ ЗНАМ ШТО СО ЉУБОВ ТОА ГО ПРАВАТ)
3-ти Декември не треба да биде само симболичен датум. Наместо тоа, тој треба да биде потсетник дека попреченоста не е проблем на поединецот, туку на општеството кое не обезбедува рамноправни можности.
Ова не е прашање на добротворност, туку на човекови права. Да ги направиме зборовите дела, не само на 3-ти Декември, туку секој ден.