Коментари

„Останавме Благодарево на Балкан, градов накитен само со депресија“

Инфлуеснерката која во јавноста е позната под името „Ина Многуфина“ го искоментира фактот дека Приштина блеска, додека Скопје дури денеска доби само куќарки на плоштад. Нема елки, нема светилки.

„Не знам кога сте биле последен пат ама Приштина нас не претицаше. Градон цел е со кружни текови, ние не можеме да ги напраиме ни оние да ги поврземе тунелите под Дајмонд. За китење да не праам муабет, туку нз дали сте биле во тоа Приштина мол каде има далеку повеќе брендови од кај нас и кога имаат попуст стварно е попуст.

Елкана у молот не се догледува колку е висока, Ист Гејт не знам како е накитен ама во Сити мол е ко грмушка за таа у Приштина. Знам дека не ви се верува ама Приштина не претицаше и тоа без жмигавец. Останавме Благодарево на Балкан, градов накитен само со депресија“, напиша таа.

На почеток