Уставниот суд го бојкотираат етнички Албанци назначени политичките партии за функции за кои немаат ни квалификации, вели Најчевска
Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека блокадата на Уставен суд е од етнички Албанци, а не од судии Албанци.
„Не ја бојкотираат судии Албанци работата на Уставниот суд. Работата на Уставниот суд ја бојкотираат етнички Албанци кои се назначени од страна на политичките партии за функцци за кои немаат ни квалификации, ни знаење ни елелемнтарен интелектуален капацитет неопходен да разберат што значи тоа демократија и владеење на правото“, вели Најчевска.
Уставниот судија Осман Кадриу најави дека тој и неговиот колега Насер Ајдари нема да учествуваат на седницата на Уставниот суд на 11 декември, кога треба да се одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците. Во интервју за ТВ Алсат, тој кажа дека причина за бојкотот на уставните судии Албанци е надгласувањето.
Тензично во Уставен суд: Законот за јазици може да донесе блокада