Македонија

Таравари: Добро е државата еднаш да има претседател од другите етнички заедници

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари, во интервју за МИА изјави дека ако сакаме државата да функционира, тогаш транспарентноста и инклузивноста се суштински.

Според него, добро е државата еднаш да има претседател од други етникуми, иако вели, се уште не се созреани условите да гласаат за личност, а не за партија.

„Сите луѓе имаат силни и слаби страни. Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседателот на државата да биде од други етнички заедници, иако навистина мислам дека сè уште не се созреани условите да се гласа за човек. Општо, луѓето овде се многу партизирани, иако на претседателските и локалните избори граѓаните гласаат за личноста, а не за партијата“, рече Таравари.

Таравари истакна дека постои реална можност во вториот круг и се надева на поддршка не само од албанските гласачи туку и од другите етнички заедници. Целта секогаш се луѓето кои не се одредени кои одлучуваат за победникот.

На почеток