Македонија

Таравари и Касами се сретнаа со Албанската академија на науките и уметностите

Кандидатот за претседател на коалицијата ВЛЕН, д-р Арбен Таравари денеска придружуван од претседателот на Движењето Беса, Билал Касами се сретнаа со членовите на Албанската академија на науките и уметностите со седиште во Тетово.

Арбен Таравари ги претстави приоритетите на неговата претседателска платформа поврзани со науката, особено зголемување на инвестициите во науката и промовирање на истражување и развој. Арбен Таравари и Билал Касами истакнаа дека со доаѓањето на власт на Коалицијата ВЛЕН, новата влада приоритет ќе и даде на независноста на универзитетите и зголемување на квалитетот на образованието, на сите нивоа.

Од Албанската академија на науките и уметностите ја истакнаа големата потреба од зголемена поддршка за науката и нивното барање за институционализација на Академијата.

На почеток