Блинкен во разговор со Камерон и Бербок за нападот на Иран врз Израел


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и со германската министерка за надворешни работи Анале Бербок за нападот на Иран врз Израел.
Тројцата официјални лица се согласија за „важноста да се осудат овие напади на најсилно можно и да се спречи понатамошна ескалација во регионот“, соопшти Стејт департментот.
Во разговорот, Блинкен ја потврди „железната посветеност на безбедноста на Израел“, како и дека САД ќе продолжат да прават сè за „да го заштитат својот народ“.
Иран во текот на ноќта меѓу саботата и неделата изврши напад врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.
