Свет

Зеленски очаен, бара помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на Иран врз Израел со беспилотни летала и проектили, но потсети дека на неговата земја и е потребна помош од сојузниците.

Како што рече, на Украина и треба помош за да се одбрани од заканите од воздух, исто како што тоа го направи Израел.

Активностите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што активностите на Русија се закануваат со проширување на конфликтот.

Да потсетиме, украинскиот претседател со месеци ги повикува западните сојузници да и помогнат на неговата земја, бидејќи Украина се соочува со голем недостиг на муниција на фронтот поради жестоките напади на руската армија.

Зборувајќи подоцна во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека светот видел дека „Израел не е сам во својата одбрана, туку дека заканите на небото ги уништуваат сојузниците на Израел“.

„Украина со месеци чека витален пакет поддршка и гласање во американскиот Конгрес, а довербата на терористите расте секој ден“, додаде тој.

На почеток