Македонија

Јакимовски: Договорот со „Бехтел и Енка“ е корупција озаконета со Закон

,,Треба да бараме решение како ќе ја компензираме загубата на рускиот и
белорускиот пазар за земјоделците, вели претседателскиот кандидат Стевчо
Јакимовски во вчерашното гостување во „360 степени“ на МРТ1.

Заедно со „Сухои-те“ и тенковите требаше да оди и дел од македонската
храна. САД ѝ продава оружје на Украина, зошто не би можеле ние да
продаваме храна? Или, тоа може и да се донира, но да се компензира со
европските фондови, вели Јакимовски кој уште еднаш нагласи дека
Македонија мора да се подготви за учество во обновата на Украина.

– Ние и сега треба да пратиме претставници во Украина, за да можеме да
бидеме дел од обновата на државата, нагласи Јакимовски.

Ако има јавни работи и со закон се утврди минимум плата на еден градежен
работник, тој наместо да работи за 1200 евра во Германија, а може да
работи тука за 1600 евра секој работник ќе може да си дојде дома и да
работи дома, вели Јакимовски.

За договорот со „Бехтел и Енка“ Јакимовски смета дека е корупција
озаконета со Закон и дека конзорциумот има многу привилегии.

Над 200 милиони евра се исплатени, а што има завршено од коридорите?
Ако се даде таа работа на македонските компании ќе им се создаде услови
за работа и ќе се спремат за обновата на Украина. ГРАНИТ беше 72
градежна компанија во светот, нагласи Јакимовски.

Со овие милијарда и пол ќе направевме пар екселанс клинички центар и
уште десетина најсовремени болници ширум Македонија”, додаде Јакимовски.

На почеток