Свет

(Видео) Издадено е ново предупредување, опасност од цунами

(Видео) Драматични снимки од голема вулканска ерупција на Исланд: eвакуирани речиси 4.000 жители

Индонезиските власти денеска предупредија дека постои опасност од цунами по ерупцијата на вулканот Руанг вчера во индонезиската провинција Северен Сулавеси.

Официјален од Центарот за вулканологија и ублажување на геолошката опасност денеска изјави дека „потенцијалот за дополнителни ерупции останува многу висок“, пренесува Ројтерс.

Во Манадо, главниот град на Северен Сулавеси, аеродромот беше затворен поради исфрлена пепел од вулканот за време на ерупцијата, а властите предупредија и на можноста од цунами доколку делови од планината на островот паднат во океанот.

Властите затворија област со пречник од шест километри околу вулканот, а портпаролот на Министерството за ублажување на катастрофи, Абдул Мухари, рече дека околу 1.500 луѓе се наоѓаат во област со висок ризик, која треба веднаш да се евакуира, а уште 12.000 би можеле да бидат загрозени.

Најмалку 800 луѓе се евакуирани поради повеќе од три ерупции на вулканот Руанг од вторникот, предизвикани од неодамнешните земјотреси на островот.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, кој е област со висока сеизмичка активност на неколку тектонски плочи, потсетува Ројтерс.

На почеток